Вардар викендов ја почнува новата сезона во првенството на Македонија како бранител на двојната круна. По играњето на турнирот во Струга и четвртфиналето од СЕХА лигата, за „црвено-црните” почнуваат натпреварите од групната фаза во домашното првенство.
Тренерот Владо Недановски даде своја изјава за новата сезона во Супер лигата.
„Почнуваме нова сезона во домашното првенство и без разлика на се нашата цел е иста, освојување на титулата и купот во Македонија. Тоа што сега нема да играме во европските купови ќе ни овозможи повеќе да се воигруваме и на младите да им даваме поголема шанса. Сакаме што повеќе млади играчи да бидат дел од првиот тим, а тоа ќе го направиме низ мечевите во првенството. Без разлика на се, никого нема да потценуваме ниту да се однесуваме како фаворити. Важно е да имаме добар тим и ќе сториме се да бидеме конкурентни и да играме добро”, – вели Недановски.
(фото-Рк Вардар 1961)📷