Екипата на Овче Поле ја забележа првата победа во Првата лига, откако на домашен терен ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров со 22-16.
Овче Поле на полувреме имаше предност од 9-6. Во второто полувреме Овче Поле покажа подобра игра на теренот, и успеа да триумфира против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во редовите на Овче Поле беше Иван Димчевски со седум гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Макисмилијан Ѓиноски со шест гола.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷