Алжирски репрезентативен лев бек е новото засилување на гладијаторите, за продолжението од сезоната 2022/2023, каде екипата ќе игра во плеј-офот во Супер лигата.
Станува збор за Абдерахим Боудрали, кој има 30 години, и е висок 203цм. Будрали доаѓа во Охрид од Ал Наср (Кувајт), а пред тоа неговата кариера ја градеше во тимовите Мсакен (Тунис) и Е.С. Аин Тута (Алжир).
(фото – ГРК Охрид)📷