Агенцијата за млади и спорт го најави турнирот во Струга

Во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција, посветена на струшкиот ракометен турнир.

Струга продолжува со својата традиција да организира летен ракометен турнир на отворено, оваа година ќе биде 51. издание на турнирот.

“Струшкиот турнир има богата традиција и претставува еден од најстарите турнири на Балканот и во цела Европа. Овој турнир се претвора во платформа за истакнување на млади играчи и перспективни репрезентативци. Како Агенција за млади и спорт, ние веќе многу години го поддржуваме овој турнир и му нудиме нашата поддршка, следејќи го истиот образец и во другите спортови. Ракометот се почитува како најважниот спорт во нашата земја. Очекувам турнирот во Струга да помине во најдобро светло”, – истакна Наумче Мојсовски на прес-конференцијата.

Покрај Агенцијата за млади и спорт, поддршка има и од Ракометната федерација на Македонија за турнирот во Струга.

(фото – Агенција за млади и спорт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.