Црногорскиот репрезентативец Адмир Пелидија е најново засилување на екипата на Охрид за продолжението од сезоната.
Пелидија (195цм, 112кг) има 29 години и игра на позицијата пивот, а во Охрид ќе го носи дресот со број 11.
Во тимот на гладијаторите доаѓа од Ал Аин Емирати, а претходно настапувал за Бузау (Романија), Билер (Франција), Алкобендас (Шпанија), Горажде (Босна и Херцеговина) и Рудар Пљевља (Црна Гора). Има повеќе од 15 настапи за сениорската репрезентација на Црна Гора, како и за сите младински категории.