Екипата на Аеродром забележа победа против тимот на Македонија Ѓорче Петров со минимални 29-28 во Купот на Македонија.
Иако Аеродром водеше со 14-9 на полувремето, сепак во второто полувреме беше неизвесно, но на крај успеа да слави против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во редовите на Аеродром беше Андреј Ниновски со седум гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Бојан Чакалиќ со пет гола.
(фото – Рк Аеродром)📷