Аеродром го освои пионерскиот Ф4 турнир, откако го совлада Голден Арт

Екипата на Аеродром во финалето на пионерската машка лига го совлада тимот на Голден Арт со конечен резултат 21-20, и стана шампион кај пионерите.

Во натпреварот за третото место екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против составот на Куманово со резултат 28-17.

Конечен пласман на Ф4 турнирот за пионери:

1. Рк Аеродром

2. Рк Голден Арт

3. Рк Еурофарм Пелистер

4. МРК Куманово

По завршување на финалниот натпреварот се оддржа церемонија за доделување на пехарот и медалите за екипите, кои беа доделени од градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

По завршувањето на церемонијата беа доделени и индивидуалните признанија:

МВП на Ф4 Турнирот – Милош Стојановиќ – РК Аеродром

Најдобар Стрелец – Стефан Ѓоргиевски – РК Еурофарм Пелистер

Најдобар Голман – Марко Антоновски – РК Аеродром

Ол стар тим:

Голман: Лука Коцевски – Рк Голден АРТ

Лево Крило – Марин Деспотовски – Рк Голден АРТ

Среден Бек – Матеј Бојаџиски – Рк Аеродром

Десен Бек – Горазд Дамчевски – Рк Голден АРТ

Лев Бек – Борјан Благоев – Рк Аеродром

Десно Крило – Андреј Георгиев – Рк Еурофарм Пелистер

Пикер – Христијан Вуљичевски – МРК Куманово

(фото – Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести