Ракометарите на Струга остварија победа против Аеродром во Купот на Македонија од 32-30 и обезбедија меч за борба на Ф4 во Купот на Македонија. Струга во финалето од групата 2 ќе игра со Бутел Скопје.
Во првиот дел се играше гол за гол, но Аеродром успеа на полувреме да замине со предност од 18-16. Во вториот дел Струга се обиде да се врати и успеа да слави победа против Аеродром.
Најефикасен во екипата на Струга беше Славе Јанковски со девет погодоци, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Бојан Николовски со седум погодоци.
(фото-Рк Струга)📷