Екипата на Аеродром забележа победа на гостувањето кај екипата на Младост Богданци со 34-27.
Аеродром од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на пауза замина со предност од 16-14. Во второто полувреме екипата на Аеродром со добра одбрана и добар напад успеа да триумфира против Младост Богданци.
Најефикасен во тимот на Аеродром беше Наум Костов со осум гола, додека кај екипата на Младост Богданци најефикасен беше Антонио Николоски со десет гола.
(фото – Рк Аеродром)📷