Аеродром забележа победа на тешкото гостување кај Работнички

Ракометарите на Аеродром остварија победа кај екипата на Работнички со 23-27 во плеј-офот од Првата лига.

Аеродром добро го започна натпреварот, и на пауза замина со предност од 13-15. Во вториот дел Аеродром ја сочува предноста за на крај да забележи победа на тешкото гостување кај Работнички.

Најефикасен во екипата на Аеродром беше Иван Митревски со седум гола, додека кај екипата на Работнички најефикасен беше Димевски Давид со осум гола.

(фото-Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.