Екипата на Аеродром триумфираше на домашен терен против екипата на Текстилец со убедливи 34-22 во натпревар од Првата лига.
Составот на Аеродром играше добро и имаше контрола на резултатот во првиот дел од натпреварот и на пауза замина со водство од 13-8. Во вториот дел од натпреварот со добра мини серија домашната екипа го зголемуваше водството и за на крај да оствари убедлива победа во Првата лига.
Најефикасен во екипата на Аеродром беше Андреј Маркудов со девет погодоци, додека кај екипата на Текстилец најефикасен беше Филип Хаџи Николов со шест погодоци.
Рк Аеродром 34-22 Рк Текстилец
(фото-Рк Аеродром)📷