Екипата на Аеродром стигна до победа, откако на домашен терен ја совлада Јехона со конечни 34-30 во Првата лига.
Тимот на Аеродром и на полувреме имаше водство од 17-14, па во второто полувреме продолжи со водството и да слави победа против Јехона.
Најефикасен во редовите на Аеродром беше Бојан Поповски со девет гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Адис Салиу со 11 гола.
(фото – Рк Аеродром)📷








