Ракометарите на Аеродром забележаа победа на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓорче Петров со 28-25 во Првата лига.
Аеродром на полувреме имаше предност од 17-12. Во вториот дел добрата игра на Аеродром продолжи за на крај да слави победа кај екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во екипата на Аеродром беше Бојан Николовски со девет погодоци, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Александар Ѓорѓевски со шест погодоци.
(фото-Рк Аеродром)📷