Ракометарите на Аеродром славеа победа на гостувањето кај екипата на Шампион со конечни 34-31 во плеј-аутот од Првата лига.
Иако на полувреме тимот на Шампион имаше водство од минимални 17-16, сепак во второто полувреме со добра игра Аеродром триумфираше.
Најефикасен во редовите на Аеродром беше Александар Симоновски со осум гола, додека кај Шампион најефикасен беше Христијан Сибиновски исто така со осум гола.
(фото – Рк Аеродром)📷