Тимот на Аеродром беше поуспешен од тимот на Голден Арт 2, откако на гостински терен го совлада со минимални 27-28 во Првата лига.
Составот на Аеродром и на полувреме имаше предност од 15-13. Во второто полувреме Голден Арт 2 се обидуваше да се врати, но не доволно за победа, и мораше да се задоволи со пораз од Аеродром.
Најдобри стрелци во Аеродром беа Пајкоски и Трифуновски со седум голови, додека кај екипата на Голден Арт 2 најдобар стрелец беше Џигероски со девет голови.
(фото – Рк Аеродром)📷