Екипата на Аеродром, која има високи амбиции за пролетниот дел од сезоната во Првата лига се засили со неколку ракометари.
Станува збор за пикерот Ангел Мирчески, десното крило Петар Тодоровски, голманот Филип Митев, средниот бек Стефан Стефаноски и левото крило Аган Бериша.
Тимот на Аеродром ја напушти само ракометарот Матеј Марковски, кој се пресели во редовите на Бутел Скопје.

(фото – Рк Аеродром)📷








