Ракометарите на Аеродром забележаа победа против екипата на Астраион со високи 37-22.
Аеродром успеа да направи водство и на полувреме да замине со предност од 18-9. Во второто полувреме Аеродром продолжи со водството, за на крај да го совлада Астраион.
Најдобар стрелец во составот на Аеродром беше Илија Пејковски со десет гола, додека кај екипата на Астраион најдобар стрелец беше Марко Стојанов со четири гола.
(фото-Рк Аеродром)📷