Ракометарите на Аеродром ја совладаа Јехона со 33-24 во плеј-офот во Првата лига и ќе играат бараж натпревар за пласман во Супер лигата.
Аеродром добро го започна натпреварот и на полувреме замина со предност од 14-12. Во второто полувреме Аеродром продолжи со добрата игра за на крај да забележи победа против Јехона.
Најефикасен во екипата на Аеродром беше Андреј Петрески со шест погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Стефан Бошковски со седум погодоци.
(фото-Рк Аеродром)📷