Аеродром слави победа против Шампион

Ракометарите на Аеродром забележаа убедлива победа против составот на Шампион со високи 43-28 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Екипата на Аеродром победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 24-10. Второто полувреме беше само формалност Аеродром да ја завери високата победа против Шампион.

Најефикасен во тимот на Аеродром беше Наум Костов со 16 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Давид Богоевски со 8 погодоци.

(фото – Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.