Аеродром со три бода од гостувањето кај Младост Богданци

Ракометарите на Аеродром со три бода се враќаат од гостувањето кај екипата на Младост 1977 Богданци откако славеа со минимални 21-22.

Во првото полувреме Младост 1977 Богданци имаше контрола на резултатот, па на пауза замина со минимални 12-11. Во вториот дел Аеродром ја презеде контролата на резултатот, за на крај да слави минимална победа против Младост 1977 Богданци.

Најефикасен во составот на Аеродром беше Бојан Николовски со пет погодоци, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најефикасен беше Митко Караиванов со девет погодоци.

(фото-Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести