Екипата на Аеродром забележа висока победа против екипата на Кичево со убедливи 51-21 во Првата лига.
Составот на Аеродром во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта, па на крај да слави победа против Кичево.
Најефикасни во редовите на Аеродром беа Давид Аврамовски и Димитар Босилковски со по седум гола, додека кај Кичево најефикасен беше Дарко Јаневски со осум гола.
(фото – Рк Аеродром)📷








