Аеродром убедлив против Астраион во Првата лига

Екипата на Аеродром забележа убедлива победа против Астраион со 36-18 во последното коло од Првата лига.

Аеродром одигра добар натпревар, на полувреме Аеродром имаше предност од 20-6. Во вториот дел Аеродром ја потврди фаворитската улога на натпреварот со Астраион.

Најефикасен во екипата на Аеродром беше Осман Намик со пет погодоци, додека кај екипата на Астраион најефикасни беа Марко и Васко Стојанови со пет погодоци.

(фото-Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.