Аеродром убедлив против Кичево 2020

Екипата на Аеродром забележа убедлива победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со високи 40-23 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Аеродром уште на полувреме имаше високо водство од 18-8, па така до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Кичево 2020.

Најефикасен во тимот на Аеродром беше Наум Костов со седум гола, додека кај екипата на Кичево 2020 најефикасен беше Дарио Јаковлески со осум гола.

(фото – Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести