Ракометарите на Аеродром славеа на гостувањето во Гостивар кај екипата на Јехона со 25-34 во плеј-офот во Првата лига.
Составот на Аеродром имаше висока разлика на полувреме од 12-18. Во второто полувреме Аеродром продолжи да го полни голот на Јехона за на крај да забележи победа.
Најефикасен во екипата на Аеродром беше Бојан Николовски со седум погодоци, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Стефан Бошкоски со осум погодоци.
(фото-Рк Јехона)📷