Академијата на Металург го одржа својот традиционален “Новогодишен турнир” каде што секоја година го одржува и се натпреваруваат повеќе екипи од другите градови од Академијата на Металург.
На турнирот што се одржа во Автокоманда учествуваа екипите од Академијата на Металург и неколку други екипи кои беа поканети на турнирот а тоа се: Металург Автокоманда, Металург Аеродром, Металург Ново Лисиче, Металург Кичево, Бисинов Велес и Кузман Вардар. Натпреварувањето беше и во машка и во женска конкуренција.
Сите натпревари беа од пријателски карактер и не се водеше резултат, па затоа на крајот победници се сите екипи. Турнирот беше поделен на две категории – голем ракомет и мини-ракомет.
(фото-Рк Металург)📷