Екипата на Алборг забележа победа на гостувањето во Франција кај екипата на Монпелје со 33-31. Најефикасен во Алборг беше Феликс Клар со десет погодоци, додека кај Монпелје најефикасен беше Уго Деска со осум погодоци.
Порто изваде нерешено на гостувањето кај екипата на Фленсбург 26-26 во Лигата на шампионите. Најефикасен во екипата на Порто беше Мбенге со шест погодоци, додека кај екипата на Фленсбург најефикасен беше Орн Еинарсон со осум погодоци.
Резултати од 13. коло од Лигата на шампионите (мажи):
Елверум 24-27 Пик Сегед
Мешков Брест – Вардар 1961 одложена
Фленсбург 26-26 Порто
Монпелје 31-33 Алборг
(фото-ЕХФ)📷