Александар Ангеловски го продолжи договорот со францускиот тим Белфор

Македонскиот ракометар, стружанецот Александар Ангеловски го продолжи договорот со францускиот тим Белфор.

Тој потпиша договор на уште една сезона, 2023/24, и за него оваа ќе биде десетта сезона во францускиот тим.

Ангеловски во Белфор настапува од 2014 година, а има настапувано и за екипите на Струга, Вардар, Куманово и Зомимак Струмица.

(фото – Рк Белфор)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.