Александар Василевски го продолжи договорот со Тинекс Пролет

Тинекс Пролет успеа да го задржи во своите редови Александар Василевски, со кого беше потпишан нов договор и искусниот лев бек и во новата сезона ќе ги брани боите на клубот.

Василевски важи за беспрекорен шутер, на неколку овосезонски натпревари беше и најдобар стрелец на Тинекс Пролет, а игра и значајна улога во одбраната на тимот на Александар Јовиќ.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.