Екипата на Овче Поле од Свети Николе го донесе првото засилување за вториот дел од сезоната 2022/2023 во Првата лига.
Станува збор за Александар Димитров, кој има 18 години и настапува на позицијата среден бек. Димитров доаѓа од екипата на Текстилец Штип, каде и ја започна својата кариера. Тој со екипата на Овче Поле потпиша договор до крајот на сезоната.
(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷