Екипата на Овче Поле од Свети Николе започна да го креира составот за следната сезона, каде екипата има високи амбиции во Првата лига.
Тимот на Овче Поле, во своите редови го задржа средниот бек Александар Димитров, кој останува и следната сезона во клубот.
Димитров потекнува од екипата на Текстилец од Штип. Тој минатата сезона пристигна во екипата на Овче Поле.

(фото – ГРК Овче Поле 1958)📷