Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги стартуваше подготовките за новата сезона 2025/2026 во Супер лигата.
За подготовките и за новата сезона 2025/2026 своја изјава даде и тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Зарков.
„Еурофарм Пелистер 2 ќе биде ист како минатата сезона. Ќе нè одликува брза и борбена игра, сите се млади и полетни, па ништо не „им тежи“ да трчаат 60 минути. Со доаѓањето на новите играчи како Шулески, Баптист од Франција, добивме многу во два правци. Продолжуваме со ист систем, цврсто и тврдо во одбрана, со многу трчање и транзиција. И во нападот ќе играме агресивно. Овие денови ќе ги искористиме за прегледи и тестирања. Во понеделник одиме на припреми во Пехчево каде што ќе го имаме базичниот дел од подготовките. По враќањето ќе продолжиме со техничкиот дел. Сакаме да влеземе во ритам пред турнирот во Прилеп, а имаме договорено пријателски натпревари со Куманово и Младост во Битола пред настапот на турнирот „Миле Нешкоски“. Навивачите ќе можат да видат младост, острина и многу трчање, ќе уживаат во ракометот“, – изјави тренерот Александар Зарков.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷