Екипата на Куманово, која има високи амбиции за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата донесе нов тренер.
Станува збор за тренерот Александар Радосављевиќ, кој ќе го предводи тимот на Куманово во пролетниот дел од сезоната.
Радосављевиќ како тренер ги водеше клубовите Врање, Горажде, Леотар, Металац Краљево, Слога Добој, Раднички и други клубови.
Тој ги водеше и сениорската репрезентација на Босна и Херцеговина и кадетската машката репрезентација на Србија.

(фото – МРК Куманово)📷








