Селекторот Александар Рогановиќ објави дека си заминува од селекторската функција на Црна Гора. Покрај него и капитенот Васко Шеваљевиќ изјави дека заминува во репрезентативна пензија.
Од Ракометната Федерација на Црна Гора им се заблагодарија на селекторот и капитенот за досега направеното за репрезентацијата.
“Ракометниот сојуз на Црна Гора изразува благодарност до селекторот Зоран Рогановиќ и капитенот Васко Шеваљевиќ за исклучителниот придонес, посветеност и професионалност што го покажаа за сите овие години од враќањето на независноста на државата до денес, водејќи од клупата и на терен кој не претставуваше на најдобар начин на интернационалната сцена”, – изјавија од Ракометна Федерација на Црна Гора.
(фото – Ракометна Федерација на Црна Гора)📷