Машката сениорска репрезентација на Македонија со реми против Португалија, со пораз од Данска и победа против Романија го заврши настапот на ЕП 2026 година.
Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов е задоволен од постигнатиот успех на репрезентацијата на ова ЕП 2026 година.
„Мора и треба да бидеме задоволни со тоа што го прикажавме во Данска на ова Европско првенство. Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики, според букмејкерите. Докажавме дека можеме и во тоа како силна група покрај светскиот и олимпискиот шампион Данска, како и Португалија која заврши четврта на последното првенство, да извојуваме едно реми и една победа и како една од подобрите третопласирани селекции во сите групи да го завршиме ова првенство и како носители да чекаме поволен ждреб за Светското првенство.Но, ова е една успешна претстава, одиграно машки, храбро, борбено. Со Романија цел меч имавме резултат, го контролиравме. Дојдовме до важна победа и треба да сме задоволни и како федерација и како национален тим и како држава“, – изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов
(фото – РФМ)📷








