Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, со поддршка за ракометарите и стручниот штаб, по завршувањето на натпреварот меѓу Македонија и Португалија, на ЕП 2026 година.
„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус пет“ и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот. Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија“, – изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов.
(фото – РФМ)📷








