Александар Тренчевски е нов ракометар на Прилеп

После успешно завршената полусезона и опстанокот во Супер лигата, клубот на Прилеп започна со креирањето на новиот тим за наредната натпреварувачка сезона.

Прво официјално засилување за екипата на Прилеп е Александар Тренчевски, искусниот пикер кој повторно се враќа на домашен терен.

Тренчевски во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор, Зомимак, Струга, Паргас ИФ од Финска и за Астраион.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести