Александар Царчев: Вардар ќе атакува на сите титули

Од утре со настапот во првото коло од плеј-офот започнува пролетниот дел од сезоната во Женската Супер лига.

Ракометарките на Вардар ги очекува дерби натпревар со екипата на Металург. Тренерот на Вардар, Александар Царчев изјави дека оваа пролет тимот ќе атакува на сите титули.

“Пред нас се дуели на три фронта оваа пролет, во плеј-офот каде атакуваме на титулата и посакуваме да бидеме подобро пласирани од минатата сезона, нормално сакаме да сме први, или евентуално на позициите „два“ или „три“.  Во купот на Македонија ќе го нападнеме пехарот, додека во младинската лига наша цел е да ја освоиме истата, тука имаме квалитет и добри играчи. Целта оваа сезона девојките да се развиваат на ракометен план, за следната да бидат уште поквалитетни и да настапиме со успех во европските купови”, – изјави тренерот Александар Царчев.

(фото – Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.