Александар Јовиќ и Звонко Шундовски промовирани во Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер, до крајот на сезоната ќе има нов стручен штаб, и ќе се обиде да направи позитивни резултати.

Тимот од Битола ги претстави новите тренери Александар Јовиќ и Звонко Шундовски кои потпишаа договори до крајот на сезоната.

“Најпрво сакам да ѝ се заблагодарам на управата на клубот на укажаната доверба. Исто така сакам да испратам голема благодарност до Звонко Шундовски за прифатената понуда да биде наш ментор. Со овој потег Шундовски покажа колку му значи клубот и градот Битола. Потег за поздравување, тој е најдобриот македонски тренер. Јас и Зарков сме тренери-учители, и мислам дека одлично се покажавме во последните сезони. Со Звонко добивме тренер натпреварувач, кој што ќе нè води во правилна насока. Затоа сметам дека клубот направи одличен потег. Мислам дека со позитивна мисла и добро насочена работа ќе ги оствариме целите на клубот за оваа сезона”, – изјави тренерот Александар Јовиќ.

“По подолго време повторно сум дел од битолскиот ракомет и многу сум мотивиран. Мојата примарна цел е да го вратиме ракометот во Битола на старата слава и патишта. Помина многу време од последната двојна круна на клубот. Сите од стручниот штаб знаеме дека времето е кратко, но ќе направиме напори да успееме да ја вклопиме и синхронизираме екипата за да ги вратиме пехарите во нашите витрини. Еурофарм Пелистер располага со квалитетни играчи и широк ростер. Квалитет има, но некако не успеа сето тоа да се вклопи во еден систем кој ќе донесе резултати. Наша цел во овој краток период е да пробаме да ја воиграме екипата и со нов систем да атакуваме на двете титули”, – изјави тренерот Звонко Шундовски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести