Александар Јовиќ нов тренер на Еурофарм Пелистер, додека Звонко Шундовски е нов стручен тим-менаџер

Екипата на Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната ќе ја предводи Александар Јовиќ, додека Звонко Шундовски ќе биде нов стручен тим-менаџер.

Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната.

Од управата на Еурофарм Пелистер сметаат дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона.

“Со огромно задоволство ја информираме ракометната јавност, дека нов тренер на Рк Еурофарм Пелистер е господин Александар Јовиќ. Исто така информираме дека за нов стручен тим-менаџер е назначен господинот Звонко Шундовски. Управата на Рк Еурофарм Пелистер смета дека ова е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона. Упатуваме голема благодарност до Јовиќ и до Шундовски кои во овие сензитивни и значајни моменти го прифатија големиот предизвик. Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата до крајот на сезоната”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.