Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, каде екипата ќе настапува во плеј-офот од Супер лигата.
Своја изјава за подготовките имаше и тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ.
“Управата на Еурофарм Пелистер 2 правилно размислува и има добра стратегија и визија, а резултатите тоа го покажуваат. Ние трета сезона ќе играме во плеј-оф и мислам дека со нашите добри игри тоа го заслуживме. Напоредно создаваме играчи за првата екипа и остваруваме резултати.
Подготовките ќе ги спроведеме комплетно во Битола. Ќе одиграме неколку меѓусебни натпревари со Еурофарм Пелистер, а може да играме и еден меѓународен натпревар.
Особено ми е мило што како најмлада екипа во првенството, се пласиравме во плеј-оф и пренесовме еден бод. Ќе бидеме најмлади и во плеј-офот и ќе си поставиме цели. Ќе играме растеретено, но со цел ниедна екипа не смее да биде поборбена од нас. Треба да играме квалитетна и агресивна одбрана, преку која ќе постигнуваме лесни голови во напад”, – изјави тренерот Александар Јовиќ.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷