Александар Јовиќ ќе го предводи Тинекс Пролет

Александар Јовиќ е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет, откако денеска и официјално беше потпишан договорот за соработка со овој успешен стратег, кој во иднина ќе го води тимот.

Јовиќ е долгогодишен македонски ракометен репрезентативец, кој по завршувањето на играчката има и успешна тренерска кариера.

Тој ја заврши ланската сезона како шампион на Македонија на чело со Еурофарм Пелистер, а добро познати се неговите квалитети и кога станува збор за работата со младите ракометари, нешто по што беше препознатлив и во Металург и во Еурофарм Пелистер 2.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.