Левото крило Александра Боризовска својата кариера ја продолжува во Грција во екипата на ПАОК.
Александра Боризовска со екипата на ПАОК потпиша договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на истиот. Таа во ПАОК доаѓа од хрватскиот тим Умаг.
„Многу ми се допадна перспективата на ПАОК, бидејќи го видов начинот на кој функционира тимот. И системите за игра и моите соиграчи се одлични. ПАОК е прв тим во Грција во последните години, а тоа значи дека има професионализам на сите нивоа. Сакам да им се заблагодарам на управата и на тренерот за довербата во мене. И јас сакам да придонесам максимум, за да може тимот да ги постигне своите цели уште една сезона“.- изјави Александра Боризовска.
Претходно Александра Боризовска настапуваше во екипата на Куманово и Умаг. Левото крило Марија Тасевска си замина од ПАОК.
(фото – ЖРК ПАОК)📷