Поранешната ракометарка на Вардар, Александра Лакрабер на социјалните мрежи објави дека стави крај на кариерата.
Десниот бек на 36 години се пензионира од ракометот. Таа беше дел од Вардар од 2016 до 2018 година.
Последен клуб за Лакрабер беше Рапид Букурешт, а има настапувано и за екипите на Ница, Бера Бера, Тулуз и Звезда Звенигород, исто така настапуваше и за репрезентација на Франција.

(фото – Инстаграм/Александра Лакрабер)📷








