Александра Џамтоска и Наум Бабачев ќе работат со младинските категории на Охрид

Екипата на Охрид освен на сениорскиот тим назначи нови тренери и на младинските категории, а тоа се Александра Џамтоска Сани и Наум Бабачев.

Александра Џамтоска Сани ќе ги води пионерите на ГРК Охрид генерација 2008 и помали. Сани во својата кариера како играч е младински и сениорски репрезентативец на Македонија, има настапувано за Кале Кичево, Кабран, Скопје, Вардар и Кометал Ѓорче Петров. Како тренер води младински категории во школата Рк Сани 14 од 2013та година.

Наум Бабачев Бабак ќе ги води кадетите и младинците на ГРК Охрид генерација 2006 и помали, односно генерација 2004 и помали. Бабак е член на Ракометниот клуб Охрид од самите почетоци на клубот како играч, а како тренер во младинските категории на клубот е од 2013та година.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.