Алексо Лембанов останува прв тренер на Пролет, Темелковски се враќа во младинските категории

Раководството на клубот реши довербата да му ја додели на младиот стратег Алексо Лембанов, и тој ќе го води Тинекс Пролет и во вториот дел од сезоната.

Алексо Лембанов пристигна во клубот пред повеќе од една година и беше дел од стручниот штаб на Никола Матлиески, Зоран Кастратовиќ и на Андон Бошковски, а токму по прекинот на соработката со Андон Бошковски oд клубот беше донесена одлука тој да остане и да добие шанса како прв тренер.

„Ние сме клуб што секогаш им дава шанса на младите македонски играчи, сега сакаме да му дадеме можност за докажување и на млад македонски тренер. Лембанов е стратег што поседува квалитети што ние ги препознаваме и веруваме дека под негово водство тимот ќе стигне до посакуваните резултати во вториот дел од сезоната“, изјавија од управата на РК Тинекс Пролет.

Во клубот по неколкугодишна пауза се враќа и Илија Темелковски, поранешниот селектор на Македонија кој долги години седеше на клупата на Тинекс Пролет. Темелковски ќе ја извршува функцијата стручен координатор на сите селекции во Рк Тинекс Пролет, како дел од стручната комисија при управниот одбор на клубот.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести