Тинекс Пролет успешно ја стартуваше новата суперлигашка сезона, славејќи на премиерните две пресметки против екипите на Вардар Неготино и на Прилеп.
Фаворитска улога беше оправдана, а тренерот Алексо Лембанов има причина за задоволство од почетните изданија на својот тим.
„Стартот е токму онаков каков што го посакувавме, тие први две средби беа зацртани како дуели на кои мора да се забележат победи и ние го остваривме тоа. Генерално сум задоволен од работата и од залагањето, на тренинзите и на натпреварите. Она што ме радува е што играме со поширок ростер, со доста измени во текот на натпреварот и го одржуваме темпото што го посакуваме. Играчите кои ги доведовме летово добро се адаптираат и ни помагаат да имаме што помалку замени во фазите напад – одбрана, што е многу важно за нас. Верувам дека играта ќе се крене на уште повисоко ниво како што ќе одминува времето, бидејќи имаме квалитетен тим во кој гледам простор за напредок“, – изјави Алексо Лембанов.
(фото – Рк Тинекс Пролет)📷