Екипата на Охрид се засили со нов ракометар за вториот дел од полусезоната во Супер лигата.
Станува збор за ракометарот Ален Ќосевски, кој настапува на позицијата десно крило и доаѓа од редовите на Вардар.
Ќосевски потпиша на 1.5 сезона со ГРК Охрид, настапува на позицијата десно крило, има 24 години (184цм).
Доаѓа по 6.5 сезони поминати во Вардар, има настапи за сите младински категории на македонската машка ракометна репрезентација, а неговото име е секогаш на поширокиот список на македонската сениорска репрезентација.
(фото – ГРК Охрид)📷











