Алкалоид ги промовираше дресовите, базата и химната

Вчера, 24.12.2022 година, на голем настан, заедно со ракометарите, пријателите, навивачите и поддржувачите, Алкалоид го промовираше пред јавноста и медиумите ракометниот дом, салата “Автокоманда”.

На настанот премиерно се емитуваше и промовираше клупската химна и видеоспот за истата. Во рамки на настанот беа промовирани новите дресови во сина и бела комбинација со кои Рк Алкалоид ќе игра во втората полусезона на Супер лигата.

“Со овој проект одиме чекор напред кон обезбедување на врвни услови во кои ќе се градат професионални ракометари, но ќе се промовираат и вистински спортски вредности за најмладите. Рк Алкалоид останува доследен на принципот да расте и да се развива во база на квалитетни македонски ракометари кои на долгорочен план би дала македонски репрезентативци”, – изјавија од Рк Алкалоид.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.