Екипата на Алкалоид денеска со првиот тренинг означи старт на подготовките за новата сезона во која клубот покрај на домашната сцена ќе игра и во европскиот ЕХФ Куп.
Тимот на Алкалоид според планот ќе биде во Скопје до 3 август, а потоа заминува на десетдневни подготовки во Маврово.
Првиот контролен натпревар е закажан на 17 август против Врање (Србија), а од 20 до 24 август, тимот на Алкалоид ќе биде дел од турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид каде следат мечеви со Динамо Панчево (Србија, 20.08.), Олимпијакос (Грција, 22.08.) и Ловќен (Црна Гора, 23.08.). Последниот ден на турнирот ќе се играат натпреварите за пласман.


(фото – Рк Алкалоид)📷








