Заслужениот пехар во рацете на Алкалоид. Клубот вечерва го доби европскиот трофеј од Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето.
Пехарот го додели Божидар Ѓурковиќ, претставник на ЕХФ. За клубот ова е трет освоен трофеј во историјата, по Супер Купот и Купот на Македонија.


(фото – Рк Алкалоид)📷